Две девојки и три момчиња ќе ја претставуваат Македонија на ЕП во кик-бокс

Денес во Атина почнува Европско првенство во кик-бокс во машка и женска конкуренција. На овој голем собир настапат петмина македонски натпреварувачи.
Во женска конкуренција, Леа Бошевска е пријавена во кик-лајт во категоријата до 50 килограми, а Андреа Костовска во кик-лајт до 55 килограми.
Во машкиот состав се Мите Ашкилов во кик-лајт во категоријата до 94 килограми, Бобан Илиоски во лоу-кик до 86 килограми и Стефан Михајловски во кик-лајт во категоријата над 94 килограми.
На Европското првенство кое се одржува до 10 ноември пријавен е настапот на 982 кикбоксери од 41 земја.