Две опции за нов напаѓач на Баерн од следната сезона
Баерн Минхен е сериозен за купување на нов централен напаѓач во претстојниот летен преоден рок. Од Баерн се заинтересирани за напаѓачот на Ајнтрахт, Коло Муани и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.
И двајцата играчи не се против потенцијален трансфер во клубот од Минхен, но нивниот трансфер би можел да биде скап за гигантот од Минхен. Баерн би можел да потроши 100 милиони евра за да купи еден играч за прв пат во својата историја.
Сега главен централен напаѓач на Баерн е 34-годишниот Ерик Чупо-Мотинг. 24-годишниот француски напаѓач Коло Муани оваа сезона во дресот на Ајнтрахт Франкфурт на 37 натпревари постигна 19 гола и 14 асистенции. 29-годишниот Хари Кејн на 40 натпревари за Тотенхем постигна 24 гола и четири асистенции.