Две репрезентации се откажа од настап на Копа Америка

Фудбалските репрезентации на Катар и Австралија го откажаа учеството на овогодинешното издание на Копа Америка, кое ова лето ќе се игра во Аргентина и Колумбија, соопшти Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ. Тие две селекции го откажаа учеството поради ограничувањата во патувањето предизвикани од пандемијата на коронавирусот, но и пренатрупаниот фудбалски календар. Портпаролот на КОНМЕБОЛ, Ариел Рамирес изјави дека други репрезентации веќе изразиле желба да настапат на местото на Катар и Австралија. „Би сакале да имаме 12 репрезентации.“ – рече Рамирес и додаде дека Копа Америка ќе се игра со 10 тимови, како и обично, доколку не дојде до замени за тие две репрезентации. Австралија требаше да игра во групата А со Аргентина, Чиле, Уругвај, Парагвај и Боливија, додека Катар имаше место во групата Б со Колумбија, Еквадор, Венецуела, Бразил и Перу. Копа Америка ќе се одигра од 11. јуни до 11. јули.