Дебакл на шпанските тимови во Лигата на шампиони
До крајот на групната фаза во Лигата на шампионите останува да се одигра уште едно коло, но веќе е познато дека во осмина финалето од ова натпреварување единствена шпанска екипа ќе биде Реал Мадрид. Ова претставува голем неуспех за една од најдобрите фудбалски лиги како што е шпанската Примера.
Во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ, своето натпреварување го завршија Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља. Од кога во сезоната 1999/2000, Лигата на шампионите го воведе форматот со кој најдобрите лиги во Европа даваат по четири претставници, никогаш не се случило од групата да продолжи само една шпанска екипа.