Деклан Рајс е сонот на челниците на Челзи и Манчестер Јунајтед

Челзи и Манчестер Јунајтед го сакаат играчот на Вест Хем, Деклан Рајс. Рајс е „дете“ на Челзи, каде порасна заедно со Мејсон Маунт, а подоцна пријателството продолжи и во репрезентацијата на Англија. Рајс е поливалентен фудбалер, може да игра како стопер, но и како дефанзивен играч за врска, па токму поради тоа е голема желба на Лампард. Интерес за Рајс покажува и Манчестер Јунајтед, кој неодамна го продолжи договорот со Вест Хем и има откупна клаузула од 70 милиони фунти.