Деклан Рајс најави заминување од Вест Хем
Играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс е решен да го напушти клубот. Тој веќе одбил две понуди да го обнови договорот со „чеканите“, пишува „Телеграф“.
Англискиот репрезентативец го бараат Манчестер Јунајтед и Чели, а наскоро се очекува и двата гиганти да излезат со конкретни предлози. Можно е Манчестер Сити да се вклучи во битката за неговиот потпис.
Рајс потекнува од екипата на Челзи, каде се спријателува со Мејсон Маунт. Сепак, „сините“ од Лондон не гледаа потенцијал кај младиот Рајс и во 2013 година тој се пресели во Вест Хем, а од 2017 година е дел од првиот тим на „чеканите“. Минатата сезона Деклан Рајс одигра 32 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна два гола. Тој во моментов е со англиската репрезентација на Европското првенство.