Деко призна дека Барса ги сака Луис Диаз и Маркус Рашфорд

Спортскиот директор на Барселона, Деко, изјави дека луѓето од клубот им се „допаѓаат“ Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед и Луис Дијаз од Ливерпул.
Шпанските медиуми оваа недела објавија дека Дијаз би можел да се пресели во Барселона, а Рашфорд се надеваше на трансфер во каталонскиот клуб во јануари, мно замина на позајмица во Астон Вила.
Нема индикации дека Ливерпул воопшти размислува да отвори преговори за Дијаз, кој има уште две години од договорот со „црвените“, додека Рашфорд може да го напушти „Олд Трафорд“ за околу 40 милиони фунти, објави денес „Би-Би-Си“.
„Ни се допаѓа Луис Дијаз, ни се допаѓа Маркус Рашфорд, ни се допаѓаат и други играчи. Кога одиме на пазарот, има имиња што ги знаеме и кои би можеле да го подобрат тимот“, изјави Деко за каталонската радио станица „РАК1“.
Деко изјави дека приоритет на клубот е да доведе нов крилен напаѓач, но и да продолжи соработката со неколку играчи од тимот.
„Наш приоритет е да го зајакнеме она што го имаме, со продолжување на договорите на Педри, Гави, Араухо, Рафиња, Кунде. Јасно ми е дека кога луѓето зборуваат за засилувања, секогаш мислат на играчи што доаѓаат од странство, но за мене продолжувањето на договорите е исто така засилување. Продолжувањето на договорот со Ламин Јамал е најдобриот трансфер во историјата“, додаде тој.