Деко промовиран во нов спортски директор на Барселона

Португалецот Деко кој со голем успех го носеше дресот на
Барселона од 2004 до 2008 година се врати во Каталонија и сега
ќе има улога на спортски директор.
Деко денес беше промовиран за нов спортски директор, а
договорот кој го потпиша е со важност на три години. Ова
именување на Деко за спортски директор не е преголемо
изненадување затоа што Португалецот од мај помагаше во
трансферите на Барселона.
На позицијата Деко го наследува Метју Алемани кој официјално
ќе си замине на 2-ри септември, односно со завршувањето на
летниот преоден рок. Дотогаш Деко и актуелниот спортски
директор ќе работат заедно.