Деле Али не е дел од плановите на Антонио Конте
Според англиските медиуми, Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, веќе му соопштил на Деле Али дека не е дел од неговите идни планови со тимот. Со оглед на тоа голема е веројатноста Англичанецот во јануари да го напушти Тотенхем и да побара нова средина.
Деле Али со заминувањето од Тотенхем ќе проба да се врати во старата форма кога беше незаменлив дел од екипата која ја водеше Маурисио Почетино.
Тимот од Лондон ќе му дозволи на играчот да замине и како позајмен играч но со опција неговиот договор да биде откупен на крајот од сезоната.
Деле Али минатото лето имаше понуди за преселба во ПСЖ но трансферот не се оствари бидејќи клубот одлучи да му даде шанса да се наметне како стартер во екипата.