Деле Али тренира со Тотенхем и не се откажува од својата фудбалска кариера

Деле Али за само десет години помина пат од млада ѕвезда на Премиер лигата до речиси заборавен фудбалер. Иако следниот месец ќе наполни само 30 години, веќе подолго време е надвор од фудбалската сцена, а последниот ангажман го имаше во италијанскиот Кoмо, каде што во претходната сезона одигра само еден натпревар.
Поранешниот репрезентативец на Англија, кој сега е слободен агент, се врати на местото на своите најголеми успеси и моментално тренира со тимот на Тотeнем, во чиј дрес постигна 51 гол во Премиер лигата.
Тој не се откажал од фудбалската кариера и се надева дека наскоро ќе најде нов клуб, иако речиси три сезони не играл сериозен фудбал.
Последниот гол го постигна за Бешикташ во сезоната 2022-2023, каде настапуваше како позајмен играч од Евертон. Во следната сезона се врати на „Гудисон Парк“, но поради повреда не одигра ниту еден натпревар.
На врвот на кариерата, во 21 година, Али постигна 18 голови за Тотнем во сезоната 2016-2017. Тогаш беше прогласен за најдобар млад играч на Премиер лигата и избран во идеалниот тим.