Делофеу најави враќање на фудбалот по долгата пауза

Големиот талент, Жерард Делофеу вели дека не се откажува од идејата да се врати на терените и покрај тоа што две ипол години е надвор од стројот, сака децата да го видат како фудбалер.
Жерард Делофеу важеше за еден од најталентираните фудбалери во школата на Барселона, се најавуваше како новиот Лео Меси, но не само што не го достигна тоа ниво, тој е пред пензија со само 31 година.
Шпанецот поради сериозна повреда на коленото две ипол години е надвор од стројот и не може глава да крене од проблеми.
„Ќе биде многу тешко, но сакам да влезам во историјата. Мислам дека би можел да бидам фудбалерот што најдолго бил отсутен од терените и сепак успеал да се врати, Тоа би било големо достигнување за мене. Сакам да го направам тоа и за моето семејство и за моите деца. Тие се родија знаејќи дека нивниот татко е фудбалер, а сега кога се малку постари, ме прашуваат кога ќе истрчам на теренот и тоа ми го крши срцето. Деулофеу потоа додава: „Мојата повреда е повеќе од само повреда, таа е како траен инвалидитет, како да ми е вградено вештачко колено. Кога не можеш да направиш чекор бидејќи коска удира во коска, тоа е многу сериозно. Водам борба не само со биологијата, туку си со себе и мојата глава. За среќа можам да тренирам секој ден и тоа ми дава огромна сила“, рече Делофеу.