Дел Потро најави враќање на тениските терени
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро е блиску до враќање на тениските терени.
Тој две и пол години нема учествувано на ниту еден тениски турнир поради повреда која можеше да значи и крај на неговата играчка кариера.
Популарниот Делпо објави видео снимка на својот инстаграм профил на која повторно тренира и најверојатно ќе се врати на тениските терени на почетокот од месец март.
Дел Потро е поранешен освојувач на УС Опен а најдобар пласман на АТП листата го имаше во 2018 година кога беше на третата позиција.