Дел Пјерo ќе се кандидира за прв човек на италијанскиот фудбал
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2024/11/Del-Piero-1024x682.jpg)
Фудбалската федерација на Италија наскоро може да добие нов претседател, а делегатите веројатно ќе бираат меѓу неколку имиња кои засега не се потврдени.
Сепак, медиумите на „чизмата“ излегоа со интересна информација дека за оваа позиција заинтересиран е и поранешниот капитен на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро и тој наводно ќе се кандидира за местото.
Досегашните шпекулации наведуваат дека Дел Пјеро може да биде кандидат на клубовите и техничките тела кои имаат свои претставници во гласањето, а легендата на „бјанконерите“ би можел да го потврди учеството на изборите веќе наредната недела.
Изборите се закажани за 3. февруари, 2025 година, а нејасно е и дали актуелниот претседател Габриеле Гравина ќе се обиде да добие нов мандат.