Дел Пјеро откри дека не се враќа во Јуве како претседател
Поранешниот играч на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, откри дека неговото враќање во клубот од Торино не е планирано.
На 16 април тој се појави на стадионот на домашната екипа за прв пат по 2012 година, што веднаш беше сфатено како знак дека нешто се случува.
„Ја ценам желбата на медиумите и навивачите да направат одредена истрага, но во моментов е несоодветно да се коментира можност што не постои“, изјави Дел Пјеро за Sky Sport Italy.
„Благодарение на минатото, врската меѓу мене и овој клуб е неверојатна, што и да се случи. Да не коментираме хипотези. Немаше скриени мотиви или тајни средби кога го посетив стадионот. Им честитав на сите: Андреа Ањели, Павел Недвед и многу од моите поранешни соиграчи. Бев среќен што ги видов лично“, истакна тој.