Дел Пјеро ја отвори вратата за враќање во Јувентус

Алесандро Дел Пјеро скоро две децении го носеше дресот на италијанскиот великан Јувентус, период во кој одигра важен дел од многу големи успеси, но и воедно не го остави истиот и кога му беше најтешко, поточно кога беше испратен во Серија Б.
Јувентус е клубот на неговиот живот и дефинитивно тим во кој сака да добие улога, да работи и помогне истито да се врати на победнички патеки.
„За време на моето патување, низ сите години кога споделивме толку многу радости, како и најтемниот момент од Серија Б, изградив посебна врска со Јувентус. Не само затоа што навивам за клубот, туку затоа што деветнаесет години се навистина долго време. Луѓето ме прашуваат: „Зошто не се враќаш во Јуве?“ Јас одговарам дека не треба да се враќам затоа што никогаш не сум заминал. Кога поминувате многу време и многу искуства во заедница, корените остануваат во земја.
Добро, не работам таму денес, тоа не е важно – можеби работите ќе се променат во иднина, кој знае? – но никогаш нема да се чувствувам далеку. Таму е важен дел од моето срце. И секогаш ќе биде. Секогаш останувам дел од клубот“, порача италијанскате легенда.