Дембеле би останал во Барса со помала плата од 40%

Осман Дембеле би можел да го продолжи договорот со Барселона со намалување на платата за 40%.

Според „АС“, Французинот може да се согласи со понудата на неговиот сегашен клуб кој му дава договор на Дембеле до 2024 година со намалување на платата за 40 % и доаѓа на нивото на Ансу Фати.

Барселона се сомнева дека Дембеле пред неколку месеци договорил трансфер со ПСЖ и бил подготвен да се пресели во францускиот клуб со слободен трансфер. Сепак, поради одлуката на Килијан Мбапе да остане во Париз, како и поради големите промени во раководството на ПСЖ, ситуацијата се промени. Крилниот напаѓач нема други понуди.

Поради ова, Осман Дембеле може да се предомисли и да се согласи на условите на Барселона. 25-годишниот фудбалер минатата сезона имаше 32 настапи за Барселона, постигнувајќи 2 гола и 13 асистенции.