Дембеле ги мина лекарските прегледи, денес ќе биде промовиран во Париз

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле е уште поблиску до промена на клупскиот дрес. Францускиот офанзивец денеска успешно го поминал лекарскиот преглед за да се пресели во ПСЖ.
Претходно се дозна дека ПСЖ ќе и плати на Барселона 50 милиони евра за 26-годишниот напаѓач. Актуелниот договор на Дембеле со Барселона е до крајот на јуни 2024 година. Како дел од Барселона, три пати го освојуваше шпанското првенство, два пати Купот и Суперкупот на земјата.
Дембеле минатата сезона забележа 35 официјални настапи за Барселона. Французинот има осум гола и девет асистенции.