Дембеле одби да го раскине договорот, останува во Барса до јуни

Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле одбил да го раскине договорот со клубот.

Според изворот, Французинот не сакал со меѓусебен договор да го раскине договорот со Каталонците. Доколку Дембеле се согласеше, ќе станеше слободен играч и Каталонците ќе треба да му исплатат дел од платата додека играчот не најде нов клуб.

Претходно се дозна дека доколку Дембеле одбие да го раскине договорот со Барселона, клубот ќе може да го направи тоа еднострано. Каталонците до 30 јуни ќе треба да му ја исплатат целата плата на Французинот.

Да потсетиме дека договорот на Осман Дембеле истекува следното лето. Барселона во јануарскиот преоден рок сакаше да го продаде Дембеле, но не најде опции. Фудбалерот одби неколку предлози од Барселона за продолжување на договорот. Тренерот на Каталонците Чави претходно изјави дека Осман или ќе го продолжи договорот или нема да игра. Дембеле оваа сезона има само шест настапи во Ла Лига и имаше две асистенции.