Дембеле постигна согласност за нов договор со Барса

Oсман Дембеле на крајот сепак одлучил да остане во Барселона.

Како што пренесуваат бројни извори од Каталонија, агентите на Дембеле се блиску до конечен договор со управата на Барселона. Проблем беа примањата. Дембеле со актуелниот договор заработува 12 милиони евра по сезона, сума која воопшто не ја оправда.

Барселона на Дембеле му нудеше помала плата од седум-осум милиони евра, но преку бонуси во зависност од учинокот Французинот би можел да ги достигне тие 11-12 милиони.

Агентите на Дембеле упорно бараа повеќе пари. Барса ја подигна понудата така шо вклучи бонус од четири милиони само за потпис да не замине бесплатно. Сепак клучниот детал во преговорите е што платата на Дембеле ќе расте, но и ќе потпише договор на три години.

Очекувањата се Дембеле официјално да потпише пред Нова година, како точен датум се најаува 29. декември. Изминатата есен договори потпишаа Ансу Фати и Педри, а покрај Дембече наскоро нови договори би требало да добијат Роналд Араухо и Гави.