Дембеле човек на одлука, ПСЖ минимално слави во Лондон

Фудбалерите на Пари Сен Жермен стекнаа предност по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Светците“, успеаја да го победат Арсенал во Лондон со голот на Усман Дембеле во четвртата минута. Реваншот е наредната среда во Париз.
Со малку среќа, гостите можеа да имаат поголема предност пред реваншот на „Паркот на принцовите“. Фудбалерите на ПСЖ покажаа дека знаат како да играат против англиски тимови, бидејќи во претходните рунди ги елиминираа Ливерпул и Астон Вила, а во првата фаза го победија и Манчестер Сити.
Гостите се наметнаа на теренот од првата секунда, подобро влегоа во натпреварот. Секако, голот на Усман Дембеле во четвртата минута го одреди понатамошниот тек. Фудбалерите на францускиот шампион, по голот на Дембеле, имаа уште две добри шанси, но Раја ги одбрани ударите на Дуе и Каварацхелија.
Арсенал, во првиот дел, прв пат се закани во 45.минута, кога во ситуација еден на еден, Донарума му го одбрани ударот на Мартинели.
Во вториот дел поради офсајд беше поништен голот на Мерино во 47.минута, а девет минути подоцна, Тросар имаше шанса, Донарума повторно излезе како победник.
Во финишот ПСЖ пропушти уште две шанси, во 84.минута Баркола биеше крај голот, а две минути подцна Рамош ја погоди гредата.