Демирал ризикува казна заради недозволена радост
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фајзер
реагираше на скандалозната прослава на голот на турскиот
дефанзивец Мерих Демирал на осминафиналето на ЕП 2024 со
Австрија.
„Симболите на турските десничарски екстремисти немаат место
на нашите стадиони. Очекуваме дека УЕФА ќе го истражи ова
прашање и ќе го покрене прашањето за санкции“, рече Фајзер,
цитиран од Ројтерс.
Турскиот дефанзивец Мерих Демирал при прославувањето на
головите го искористи гестот на турските националисти, што
предизвика нов скандал на ЕП.