Демировиќ од Аугсбург на радарот на Баерн

Долги години Един Џеко беше синоним за фудбалот во Босна и Херцеговина.

Најдобриот напаѓач што оваа земја го имала во својата историја е на залезот на својата блескава кариера, но Босанците не мора да се грижат за иднината, барем кога е во прашање центарфорската позиција. Ермедин Демировиќ има сезона од соништата во германската Бундеслига. Момчето родено 1998 година се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во германскиот фудбал, а неговиот квалитет не е само постигнување голови, што го прави особено интересен за големите клубови.

Демировиќ е убедливо најдобриот играч на седмопласираниот Аугсбург, кој е во одлична серија од четири последователни победи. Босанецот досега во Бундеслигата постигна 14 гола и запиша осум асистенции.

Тој е четврти стрелец во првенството и шести по асистенции, а подобар учинок од Демировиќ има само неприкосновениот напаѓач на Баерн, Хари Кејн со 31 гол и седум асистенции. Тие двајца би можеле да станат тандем во редовите на Баварците.