Денес тренинг во Рејкјавик, утре мундијалски квалификации

Македонската фудбалска репрезентација е во Рејкјавик, утре се среќава со Исланд во 5. коло од групата „Ј“ во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Нашиот национален тим по нерешените 0-0 во Скопје со Ерменија, посакува победа против Исланд кој загуби од Романија со 2-0 во Рејкјавик.

Селекторот Благоја Милевски има закажан еден тренинг со почеток од 18 часот, а натпреварот со Исланд во недела се игра во исто време.

Македонија по четири одиграни средби, на табелата има 7 бода и се наоѓа на третата позиција зад Ерменија со 10 и Германија со 9 бода, Исланд има 3 бода на претпоследното место.