Дени Руел e нов менаџер на Глазгов Ренџерс

Шкотскиот гигант Ренџерс денеска официјално го претстави новиот тренер, Германецот Дени Руел. Иако во изминатиот период клубот од Глазгов беше поврзуван со неколку звучни имиња и големи легенди, раководството сепак одлучи довербата да му ја даде на младиот германски стратег.

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски и неговите соиграчи подолг период беа без предводник, откако Расел Мартин беше отпуштен поради серија слаби резултати. Новиот тренер Руел ќе има тешка задача да го врати Ренџерс на победничките патеки и да ја разбуди екипата која тоне во криза.

Во својата досегашна кариера, Германецот беше дел од стручните штабови на Лајпциг, Саутемптон и Баерн Минхен, а како самостоен тренер работеше во Шефилд Венздеј, клуб кој го остави на дното од Чемпионшип.

Ренџерс во овој момент има само девет бодови по осум одиграни кола во шкотскиот шампионат, дури 13 помалку од водечкиот Хартс.