Ден по катастрофалниот пораз, Роналдо не беше на тренингот на Јувентус (фото)

Јувентус во неделата загуби со 3:0 од Милан во 35. коло на Серија А и падна на петтото место во лигата. Торинскиот клуб сериозно „виси“ со пласманот во Лигата на шампионите идната сезона, а во случај да не се пласира, ќе забележи загуба од 90 милиони евра.
Ден по тешкиот пораз од росонерите, Кристијано Роналдо го пропушти тренингот, а причината е оправдана.
Клупскиот шеф Андреа Ањели, во друштво со неговиот роднина Џон Елкан, го одведоа Роналдо во фабриката на Ферари во Маранело. Роналдо поради тоа го прескокна тренингот во пресрет на гостувањето кај Сасуоло во среда. На тој натпревар, Јувентус не смее да киксне.
Во случај Јувентус да не избори пласман во Лигата на шампионите, многу е веројатно дека Роналдо би можел да бара нов клуб.