Депај заминува од Атлетико Мадрид по променливата сезона
Како што стојат работите, Мемфис Депај во новата сезона ќе има
нов клуб. Откако не успеа да се докаже во Барселона, Депај не
беше задоволен ниту во Атлетико Мадрид. Сега пристигнуваат
информации дека Депај постигнал вербален договор со Атлетико
за взаемно раскинување на соработката.
На сличен начин Холанѓанецот ја напушти Барселона во јануари
2023 година, а не треба да заборавиме дека во Каталонија исто
така дојде како слободен играч пристигна во летото 2021 година
по истекот на договорот со Лион. Депај е убеден дека со добри
настапи на Европското првенство може повторно да се избори за
преселба во голем клуб.
Сезонава постигна девет гола и додаде две асистенции на 31
натпревар, но не беше прва опција во нападот на Диего Симеоне.
Холанѓанецот има 30 години и смета дека ова лето е неговата
последна шанса да потпише за уште еден голем клуб, но и каде
би можел да остави подлабока трага, бидејќи навистина не се
прослави во овие три сезони во Шпанија.