Депај заминува од Барселона, веќе има две понуди на маса

Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а неколку европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Тотенхем и Милан се силно заинтересирани за Холанѓанецот и веќе започнале преговори со неговиот агент.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот. Меѓутоа, каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.

Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот сигурно ќе биде значително намалена.