Депај одби да премине во Тотенхем
Мемфис Депај ја одби понудата да премине во Тотенхем. Лондончани беа подготвени да ги платат 20-те милиони евра кои ги бараше Барса, но самиот играч не се согласи на таков трансфер, пишува „Спорт“.
Тотенхем веќе потпиша со еден играч од Барселона – Клемент Ленгле. „Мамузите“ имаат прилично солидна селекција за учество во Лигата на шампионите и сакаа да го додадат холандскиот напаѓач во својот тим, но тој не беше особено импресиониран од нивниот проект и претпочиташе да остане во Барса.
Депај е подготвен да се бори за своето место во тимот на Чави Ернандез, иако неговите шанси за стартно место не изгледаат големи. Од друга страна, тој сака да игра редовно за да се осигура дека ќе добие повик за Светското првенство во Катар оваа зима.