Депај по секоја цена сака да остане во Барса

Мемфис Депај увери дека нема намера да ја напушти Барселона ова лето.

Тој е на списокот за продажба, бидејќи клубот мора да се раздели со барем неколку играчи.

„Сезоната не помина како што очекував, ниту ја очекував разделбата со Меси“, изјави Депај.

„Долго се опоравував од повреда, ми требаше време да се опоравам. Тренирав многу напорно, ја држев устата затворена и успеав да ги докажам своите квалитети. За среќа, добив уште една шанса и повторно почнав да постигнувам голови. Дали ќе останам во Барселона? Да, без сомнеж“, заклучи Холаѓанецот.