Депај ќе биде замената за Жоао Феликс во Атлетико Мадрид?
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2023/01/memfis-1024x592.jpg)
Атлетико Мадрид денес се раздели со Жоао Феликс, кој замина во Челзи на позајмица со крајот на сезоната.
„Јорганџиите“ сега се во потрага по нов офанзивен фудбалер како негова замена, а прво име на списокот е Мемфис Депај од Барселона. Депај е во втор план па сака да ја промени средината, а и Барселона сака да го продаде во јануари бидејќи на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.
Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара само два милиони евра, а Атлетико Мадрид е спремен да ја искористи ситуацијата.
Интерес за Холаѓанецот покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но Атлетико сака да ја победи конкуренцијата.