Дерик Вајт добива нов четиригодишен договор со Бостон

Кошаркарот на Бостон селтикс, Дерик Вајт ќе го продолжи
договорот со клубот, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан
Војнаровски. Новиот договор ќе биде за четити години и 125,9
милиони долари.
Дваесет и деветгодишниот Американец минатата сезона имаше
просек од 15,2 поени, 4,2 скока и 5,2 асистенции на 73
натпревари.
Вајт со Бостон годинава стана шампион во НБА-лигата.