Дест, Мекени и Пулишиќ ги предводат Американците на Мундијалот
Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави за првпат по осум години се враќа на Мундијалите, па селекторот на оваа репрезентација, Грег Берхалтер веќе го стокми списокот од 26 играчи на кои ќе смета на првенството во Катар.
Во последната листа се најдоа и голманот на Арсенал, Мет Тарнер, дефанзивецот на Милан, Сержињо Дест, играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени и Кристијан Пулишиќ од Челзи.
Американците премиерата ќе ја имаат на 21 ноември против Велс.