Дефанзивецот Пау Торес „ладно“ го откачил Тотенхем
Пау Торес ја одбил понудата од Тотенхем ова лето, пренесува шпанска „Марка“.
Иако понудата од 50 милиони евра беше прифатлива за Виљареал, Пау не сакаше да ја напушти „жолтата подморница“ и нема ништо против да остане и во новата сезона.
„Петлите“ го контактирале, но Торес ги „оладил“ со одговорот дека ќе го напушти Виљареал само ако добие понуда од голем Торес.
Пау Торес смета дека Тотенхем не спаѓа во тој ред на тимови. Тој се поврзуваше со Барселона, но поради финансиската ситуација Барселона не може да ја плати цената која ја бара Виљареал.