Дефанзивец во Челзи до 2025. година

Според пишувањата на англиските медиуми, Челзи пронајде заеднички јазик со Андреас Кристенсен.

Дефанзивецот кој има 25 години и преговараше со Челзи во изминатите два месеци бидејќи влезе во последната година на договорот, сега конечно дојде до договор кој наскоро ќе биде официјализиран.

Со новиот договор, кој ќе важи во наредните четири години, Кристенсен во Челзи ќе помине вкупно двоцифрен број на години.

Данецот беше еден од клучните играчи на Челзи во борбата за Лигата на шампионите минатата сезона.