Дефанзивна криза во Манчестер Јунајтед пред финалето на Лига Европа

Слично како и нивнииот противник во финалето, Манчестер Јунајтед е погоден од повреди на клучни играчи. Сепак, за разлика од кризата во средниот ред на Тотенхем, тимот од Олд Трафорд се соочува со сериозна дефанзивна криза. 

Лисандро Мартинез и Џони Еванс се отсутни подолго време, додека младиот Ајден Хевен е надвор од акција уште од март. Неодамна, и Лени Јоро, Матијс де Лихт и Диого Далот се здобија со повреди. 

„Не знам дали ќе бидат достапни за финалето“, изјави Аморим. „Сите играчи имаат желба да играат. Мислам дека нема да патуваат во Лондон за натпреварот против Челзи, но постои можност некои од нив да бидат подготвени за финалето.“ 

Иако има време некои од повредените да се вратат до тогаш, веројатно нема да бидат целосно опоравени и нема да се во почетниот состав. 

Црвените Ѓаволи против Челзи ќе играат само за гордост, со оглед на тоа што вниманието е насочено кон финалето во Лига Европа. Аморим призна дека ќе ги селектира составите за натпреварите во Премиер лигата со едно око кон финалето во Билбао.