Дефинирани полуфиналистите на женскиот Куп на Македонија во кошарка

Екипите на Баскет кам, Бадел 1862, Крива Паланка и МЗТ Бела вода ќе играат во завршницата на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Најнеизвесно беше во дуелот меѓу ланскиот победник Вардар и МЗТ Бела Вода, во кој кошаркарките на тренерот Горан Крстевски направија изненадува и го елиминираа освојувачот на ланскиот Куп. Гостинската екипа имаше водство во најголемиот дел од натпреварот пред сè благодарение на одличниот почеток. Кошаркарките на МЗТ Бела вода триумфираа со 77-69.
На другите два дуела убедливи победи и полуфинале изборија екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка, кои ги совладаа Пробаскет односно Патриот 2016
Ден порано, екипата на Баскет кам убедливо го совлада Спорт тим (87-47).