Дешамп: Зидан е најреална опција за мој наследник

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, кој најави заминување по Светското првенство во 2026 година, рече дека Зинедин Зидан е „природен кандидат да биде негов наследник“.

„Зизу е многу добар кандидат, природен, не знам дали сака да биде селектор на репрезентацијата“, изјави Дешам во интервју за францускиот магазин „Лекип“.

Дешам во јануари најави заминување од репрезентацијата на Франција, која ја води од 2012 година. Оттогаш медиумите зборуваат за Зидан како негова замена.

Зидан во досегашната тренерска кариера (2016, 2017 и 2018 година) со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите. Тој се смета за голем фаворит да го наследи својот поранешен капитен во француската репрезентација, која ја освои титулата на Светското првенство во 1998 година и титулата на Европското првенство две години подоцна.

Дешам во интервју потврди дека во селекцијата сигурно ќе биде и напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, иако ги пропушти последните два меѓународни натпревари.

Пред Дешан и Франција се мечевите во Лигата на нации. Првиот натпревар од четвртфиналето Франција го игра на 20 март на гости во Сплит, додека реваншот ќе биде во Париз три дена подоцна.