Дешамп и Мбапе закажаа состанок за иднината на напаѓачот во репрезентативниот дрес

Селекторот Дидие Дешам и еден од најдобрите француски фудбалери Килијан Мбапе ќе разговараат за капитенската позиција во националниот тим.

Напаѓачот на Реал Мадрид пропушти два по ред подготвителни собири со репрезентацијата. Селекторот на националниот тим, Дидие Дешамп, сака да разговара со Мбапе и да ги слушне неговите размислувања дали сака да остане капитен на националниот тим.

Доколку играч на Реал Мадрид потврди дека сака да се откаже од својот статус, капитенската лента ќе оди кај друг играч. Главни кандидати за оваа улога се Орелиен Чоамени, Нголо Канте и Ибрахима Конате.