Дешамп лут на судијата во полуфиналето со Шпанија

Дидие Дешамп не успеа во својот последен мандат како селектор на Франција повторно да ѝ ја донесе светската титула на својата земја откако синоќа беше надигра од Луис де ла Фуенте.
14-годишниот селекторски мандат на Дешамп дојде до крајот, му остана уште мечот за третото место по што ќе замине од клупата на Триколорите.
Франција играше страшен фудбал до полуфиналето и се сметаше за главен фаворит за титулата, но синоќа не можеше да најде решение за Шпанија која беше супериорна.
Но, Дешамп вината за поразот ја најде во судијата Иван Бартон од Ел Салвадор.
„Денес нема да давам одговори, туку ќе поставувам прашања. Дали сметате дека овој судија беше на нивото на полуфинале на Светско првенство? И ова не го кажувам затоа што загубивме“, рече, меѓу другото, францускиот селектор.