Дешамп не исклучува враќање на Погба за Мундијалот

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп не ја исклучи можноста фудбалерот од средниот ред на Монако, Пол Погба, во догледно време да се врати во националниот тим.

„Тој е сè поблиску до тоа повторно да стане фудбалер. Што се однесува до репрезентацијата, не се сомневам дека сака да се врати – тоа е неговата цел. Но, прво мора да помине низ неколку фази. Првата е да игра за Монако. Се надевам дека ќе успее. Тоа ќе биде важен чекор за него. А потоа ќе видиме. Ако кажам „да“ сега, сите ќе мислат дека тој веќе се вратил. Ако кажам „не“, ќе мислат дека сум будала. Затоа, најдобрата опција е да му посакаме успех во првата фаза“, изјави Дешамп.

Францускиот прволигаш Монако ова лето објави дека потпишал двегодишен договор со 32-годишниот Погба, кој отслужи повеќемесечна суспензија поради допинг.