Дешамп останува на клупата на Франција

Дидие Дешамп ќе остане селектор на Франција иако разочара на Европското првенство, каде Франција по пенали беше елиминирана од Швајцарија во осминафиналето, пишува „Ле Парисиен“.

Овој извор наведува дека Дешамп ќе ја предводи Франција на Светското првенство идната година во Катар, а не е исклучено да остане и по СП на кормилото.

Договорот на Дешамп истекува на крајот од 2022. година, а тој наскоро на раководството на францускиот фудбалски сојуз ќе мора да им објасни што се случи на ЕУРО.

Тимот предводен од Дешамп на ЕУРО пристигна како актуелен светски првак и најголем фаворит за титулата европски шампион, па нивното испаѓање беше најголема сензација на турнирот.