Дешамп потпиша нов договор со Француската фудбалска федерација

Француската фудбалска федерација уште по мундијалот навести дека
планира да го задржи Дидие Дешамп на селекторската позиција, а
денеска стигна и официјална потврда.
Преку својата официјална интернет страница, федерацијата објави
дека Дешамп го продолжил договорот и ќе биде предводник на
„триколорите“ барем до 2026 година.
Претходно се шпекулираше дека Дешамп ќе замине по СП во Катар,
но пласманот во финалето и начинот на кој Французите останаа без
титулата, очигледно биле доволни аргументи за искусниот стручњак
да добие доверба за уште најмалку два квалификациски циклуси.
Дешамп ќе ја води Франција и на следното Европско првенство, но и
во квалификациите за мундијалот и завршниот турнир во 2026
година, додека оваа одлука истовремено може да биде најава и за тоа
што ќе се случува со одредени репрезентативци, вклучувајќи го и
Карим Бензема.