Дешамп пред нов договор со Француската фудбалска федерација
Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, кој има договор до декември во 2022 година, сака и по тој термин да остане на кормилото на „галските петли“. 52-годишниот специјалист се надева дека на претстојното Европско првенство ќе успее да ја освои титулата.
„Може да продолжам и по 2022 година ако се договориме со претседателот. Во моментов сум задоволен од мојата улога. Пресреќен сум. Се надевам дека луѓето ме сакаат“ – изјави Дешамп.
Франција под диригентската палка на Дешамп одигра 112 натпревари со ефект од 74 победи, 20 нерешени и 18 порази. Најголемиот успех на Дешамп беше во 2018 година кога ги предводеше „петлите“ до светската титула.