Дешам: Француските тренери се потценети дури и во Франција

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам, коментираше за отсуството на француски тренери во тековната сезона во Лигата на шампионите.
„Мислам дека француските тренери се потценети, дури и во Франција. Тоа е мојот впечаток. А во странство, ги има сè помалку. Дали сме полоши од другите? Не мислам така. Дали другите се подобро организирани? Секако. Во Лига 1 и Лига 2, многу позиции се пополнети од странски тренери. Има многу француски тренери кои се талентирани, но тие не се секогаш барани. Разочаран сум“, изјави Дешам за „RMC Sport“.
Педесет и седумгодишниот фудбалски стручњак забележа дека овие статистики се негативни, но не го доведуваат во прашање квалитетот на луѓето кои би можеле да ги заземат овие позиции.
Дешам е на чело на француската репрезентација од 2012 година. Претходно ги тренираше Олимпик Марсеј, Монако и Интер.