Дејан Ловрен стави крај на настапите за Хрватска
Фудбалерот на француски Лион, Дејан Ловрен, преку својот Инстаграм профил објави крај на својата репрезентативна кариера.
Ловрен за националниот тим има запишано 78 настапи, и постигнати пет гола. Тој беше дел од репрезентативците кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство во Русија, и третото место на неодамна завршениот Мундијал во Катар.
Во својата порака Ловрен наведува дека и понатаму останува верен навивач на хрватските „ватрени“, и дека секогаш ќе ја бодри својата репрезентација.