Дејан Наумоски избран за најдобар оператор за 2021 во Евротип, а Кренар Шаини од Голд Слот Клуб за цела Македонија
Евротип и Голд Слот за своите вработени низ цела Македонија организира предновогодишни забави на кои се одбира вработен на годината, со цел истакнување на вредностите на нашите вработени, така и оваа го направи изборот за „Најдобар оператор за 2021 година“, за Евротип и за Голд Слот Клуб.
Во потесниот круг за Евротип влегоа 16 вработени и тоа:
Од Гостивар Ѕвездан Димоски, Битола – Биљана Степановска, Кавадарци – Данче Груева, Охрид – Маја Бимбилоска, Кичево – Николина Панделеска, Штип – Влатко Тодосов, Струмица – Ице Черкезов, Струга – Кире Лазароски, Гевгелија – Слободан Кржев, Скопје – Дејан Стојановиќ, Велес – Томислав Петровски, Радовиш – Ели Ристева, Дебар – Леши Бленди, Куманово – Лидија Младеновиќ, Тетово – Елена Евросимоска, Валандово – Добрила Јанакиева, а за најдобар оператор беше одбран Дејан Наумоски од Прилеп.

За Голд Слот клубовите, во потесниот круг за најдобри оператори влегоа:
Катерина Каровска од Кавадарци, Надица Наунчева од Велес, Христина Петровска од Битола – Широк Сокак, Симона Стојкоска од Тетово, Ивона Трајковска од Охрид, Валентино Георгиевски од Кичево, Марио Трајковски од Прилеп, Милена Богатиноска од Гостивар, а како најдобар оператор од Голд Слот Клуб беше одбран Кренар Шаини од Дебар.

Најдобрите оператори беа наградени со благодарница, рачен часовник и ваучер за летување во Грција од ЈК Травел.
Со прогласувањето на „Најдобар оператор на годината“ се стимулира позитивното однесување на вработените, а она е тоа кон што се стреми оваа компанија.

Во пресрет на новата 2022 заедно со нашите вработени наздравуваме за сите успеси со желба дека следи година во која сите заедно ќе ги оствариме сите свои лични, професионални, приватни и службени цели, и понатака заедно ќе растиме и секоја наредна ке заокружуваме нова страна од нашата успешна приказна!