Дејан Станковиќ кандидат за нов тренер на Сампдорија
Актуелниот тренер на Сампдорија Марко Џампаоло најверојатно ќе добие отказ од клубот после репрезентативната пауза, и според информациите од италијанските медиуми, челниците на популарната Сампа, веќе бараат нов тренер.
На листата потенцијални нови тренери на тимот од Џенова се споменуваат Дејан Станковиќ и Даниеле де Роси.
Управата на Сампдорија имаше интерес за ангажман на Станковиќ и во пролетта 2021 година, кога тогашниот тренер Клаудио Раниери покажа јасна намера дека ќе го напушти водењето на екипата на крајот од сезоната. Меѓутоа тогаш српскиот тренер изјави дека нема намера да ја напушти Црвена Звезда.
Сампдорија има најлош старт во клупската историја, и после седум кола има само два бода.