Дејвид Бекам е заштитно лице на Мундијалот 2022

Англиската фудбалска икона, Дејвид Бекам, ќе стане заштитно лице на претстојното Светско првенство во Катар 2022. Договорот помеѓу организаторот Катар и Бекам се очекува да биде потпишан следниот месец.

Според најавите, Англичанецот ќе добива по 15 милиони фунти секоја година  а договорот ќе биде со важност од десет години, што значи дека Бекам вкупно ќе инкасира 150 милиони фунти.

На почетокот на овој месец, Дејвид Бекам помина неколку дена во Доха во обиколка на неколку стадиони кои се во изградба и се сретна со високи претставници задолжени за организација на натпреварувањето. Светското првенство ќе се одржува од 21 ноември до 18 декември 2022 година.