Дејвис: Агуаш Санташ одигра одлична партија, ремито е реален исход
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер одигра само нерешено со Агуаш Санташ (27-27) на домашен терен во рамките на осмото коло од Лига Европа. Иако „зелено-белите“ пред почетокот на средбата важеа за фаворити, сепак на крајот изборија само реми.
Свој коментар за текот и исходот од натпреварот, даде средниот бек на Еурофарм Пелистер, португалскиот интернационалец Вилсон Дејвис.
„Агуаш Санташ ни направи многу проблеми денес, одигра одличен натпревар. Ова беше тежок дуел за нас, особено во првиот дел. Потоа во продолжението успеавме да фатиме ритам, а одбраната на крајот го одлучи натпреварот и резултатот е реален“, истакна Дејвис.
Еурофарм Пелистер до крајот на групната фаза го очекуваат уште два дуели, и тоа со Фуксе Берлин на гостински терен, и дома со Мотор Запорожје.