Де Брујне во топ 10, еден фудбалер е недостижен!
Белгијанецот Кевин Де Брујне и понатаму продолжува со она во што е најдобар.
Тој дефинитивно е еден од најдобрите играчи за врска на светот, а веројатно и најдобар асистент во Премиерлигата.
Скоро и да нема натпревар на кој на своите соиграчи нема да им намести три или четири зицер, па е јасно дека на вечната листа на асистенти ќе прескокне уште многу фудбалери.
Тој на натпреварот против Кристал Палас стигна до топ 10, со 76 асистенции сега го дели 10. место со Теди Шерингем, а нареден кој го брка е Дејвид Бекам со 80.
Интерсно, меѓу топ 10 играчите има уште еден активен фудбалер, тоа е Џејмс Милнер со 85 асистенции, но прашање е уште колку ќе напредува, ако земеме предвид дека е резервист во Ливерпул.
Неприкосновен на таа листа е Рајан Гигс, кој со 162 асистенции веројатно никогаш нема да биде престигнат.